Македонци – Свет

Дијаспората праќа пари, а не вложува

Зошто нашите иселеници, иако редовно им помагаат на своите роднини во Македонија, избегнуваат да инвестираат во татковината? За 15 години од дијаспората пристигнале 25 милијарди евра што во главно се за потрошувачка. Трансферите од странство години наназад се повисоки од странските инвестиции. Минатата година гастербајтерите во татковината пратиле околу 1,2 милијарди евра, додека странските инвеститори вложиле помалку од милијарда евра. ...

Read More »

ОМД се придружува на кампањата на ММДЧП, „Нашето име е Македонија“

  Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон со задоволство ја истакнува својата безрезервна поддршка за кампањата #НашетоИмеЕМакедонија, организирана од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто, Канада. Истовремено, ОМД јавно му се заблагодарува на ММДЧП за поддршката на кампањата #НиеСмеМакедонија. ОМД, која што неодамна го предводеше глобалното протестно движење пред македонската амбасада во Вашингтон и пред ...

Read More »

Протестен марш за Македонија пред владата на Гермнаија

  Во организација на Македонската заедница во Германија, на 27 јануари 2018 година (сабота) се организира протестен марш ЗА МАКЕДОНИЈА! Собирно место на протестниот марш е во 13.00 часот пред Бранденбуршката порта (Brandenburger Tor – Pariser Platz, 10117 Berlin), од каде што присутните ќе се упатат до кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел. Од протестниот марш ќе се упати декларација ...

Read More »

Европската слободна алијанса се приклучи на повикот на ММДЧП за прекинување на антиимакедонските преговори за името

Европската Слободна Алијанса се приклучи на повикот на ММДЧП да се стави крај на антимакедонските преговори за името и повика на поддршка за Македонија за остварување на најосновното право за самоопределување. “ЕФА е единствената европска политичка партија која го брани правото на самоопределување, право засновано на меѓународното право. Правото да одлучувате за сопствената иднина истовремено значи и право да ја дефинирате ...

Read More »

Македонската Глобална Координативна Мрежа – Канада 24 февруари 2018 година организира голем Донаторски банкет

Македонската Глобална Координативна Мрежа – Канада на 24 февруари 2018 година организира голем Донаторски банкет за помош на Македонската Глобална Координативна Мрежа – Македонија (македонските патриотски организации во Македонија). Македонската глобална координативна мрежа (Macedonian global coordinative network) е формирана од Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Меѓународното движење за човекови права на Македонците во Канада, Организацијата Обединети Македонци – Канада и ...

Read More »

ММДЧП го осудува усвојувањето на неуставниот Закон за јазици и бара реакција од претседателот Ѓорге Иванов

Македонското меѓународно движење за човекови права го осудува изгласувањето на Законот за јазиците во македонското Собрание од 11 јануари, 2018 година. Овој закон е не само неуставен, затоа што му доделува официјален статус на албанскиот јазик без потребното двотретинско мнозинство во Собранието, туку тој и сериозно ги дискриминира оние коишто го говорат досега единствениот официјален јазик, македонскиот, и оние од ...

Read More »

Нов веб портал Македонија инфо Диаспора

  Центарот за информативна поддршка “Нов Контакт”- со седиште во Скопје, Македонија во рамките на Проектот ,,Граѓанското опшество – мост за соработка со дијаспората“, кририра прекрасен веб портал за Македонско национално малциство (МНМ) во сосеството и за Македонската диаспора во светот. Порталот е креирано од Центарот за информативна поддршка “Нов Контакт” со поддршка од програмата Цивика Мобилитас. Веб платформата ќе обезбеди можност ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права бара итен прекин на преговорите за името, „нашето име е Македонија“

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) соопштува дека почнува нова кампања под мотото „Нашето име е Македонија” за што билбордите како дел од таа кампања се поставени во 14 градови во Македонија. Ова движење го повторува својот став за „итен прекин на расистичките и антимакедонски преговори за името”. „И покрај тоа што Стејт Департментот и Зоран Заев забранија слобода ...

Read More »

ОМД: Голем скандал Нимиц вработил грчка асистентка

  Метју Нимиц, специјалниот посредник за решавање на спорот кој Грција го има со името на Македонија Метју, вработил грчкa асистентка, Еленор Деметридис, тврдат од Обединетата македонска дијаспора. Тие му пишале на Нимиц, а тој им вратил дека по неговото пензионирање од компанијата General Atlantic дека му бил доделена асистентка која ќе им помага и на другите пензионирани вработени од ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права: Одговор на статијата од Патрик Винтур

  Статијата „Македонија вели дека треба да се приклучи кон ЕУ за да се оневозможи авторитарното владеење“ од Патрик Винтур, објавена во „Гардијан“ на 15 декември, 2017, е несмасно составен напис кој само ги повторува шаблоните и сосема погрешните аргументи на министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска. Не постои ниту навестување на обид критички да се испитаат лажните ...

Read More »