Честитка за Велигден од Националниот совет на македонската национална заедница во Србија

Националниот совет на македонската национална заедница во Србија на сите граѓани од православна вероисповед им го честита најголемиот христијански празник ВелигденВелигден е празник кога го прославуваме Христовото воскресение, победата на животот над смртта. Нека ве поттикне на милосрдие,заедништво и почит, нека пробуди во вас оптимизам, хуманост и позитивни мисли. Ви посакуваме да ги поминете празничните денови во добро здравје, мир и благосостојба. Нека е честит и за многу години Велигден. Христос воскресе! – стои во честитката на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија