
Дејан Николовски е новиот претседател на здружението Онлајнмедиа.мк, одлучија членовите на здружението на одржаниот состанок. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Владимир Кошевалиски, кому членовите му се заблагодарија за досегашниот ангажман, посветеност и придонес во работата на здружението.
На состанокот беа разгледани и договорени приоритетните активности во наредниот период, со посебен акцент на прашањата од значење за развојот и унапредувањето на онлајн-медиумите во Македонија.
Меѓу главните теми беа најавените измени во Изборниот законик, продолжувањето на преговорите со Владата за субвенционирање на медиумите, како и прашањата поврзани со регулацијата на маркетинг-буџетите и воспоставувањето регистар на интернет-порталите во рамките на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Од здружението посочуваат дека овие прашања остануваат во фокусот на нивното дејствување, со цел подобрување на условите за работа на онлајн-медиумите, унапредување на нивниот статус и создавање појасна и поправедна регулаторна рамка за нивното функционирање.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden