Девет најпогодни земји во светот за водење бизнис

Листата изготвена од Универзитетот Вартон и фирмата Y & R, разгледала 80 земји и ги избрала оние од нив кои нудат најдобри услови за бизнис потфати. Предвид е земен широк спектар на фактори, меѓу кои оданочување, развојот на претприемништвото, квалитетот на животот, цените во производството, нивото на бирократија, транспарентноста на администрацијата, корупцијата и др. Еве и кои се во топ 9: Норвешка, Нов Зеланд, Канада, Шведска, Финска, Данска, Швајцарија , Луксембург, Панама.

Advertisement