Директорката на разузнавачка служба ШИШ, Хусени предаденa на албанските власти на границата со Косово

Поранешната шефица на разузнавачка служба ШИШ, Влора Хусени, беше предадена попладнево на албанските власти на границата со Косово, против неа беше изречена мерка „куќен притвор“ од страна на ЃККО.

Медиумите објавија дека Влора Хусени била на територијата на Косово и била предадена на властите на граничниот премин во Вермице, Морине.

Специјалниот суд одреди мерка „куќен притвор“, придружена со суспензија од должност, бидејќи според СПАК, истрагите ја поврзуваат со досието АКШИ.

Во официјалното соопштение на СПАК се наведува дека Хусени е под истрага за кривични дела „поддршка на сторителот на кривичното дело“ и „откривање истражни тајни“.

Мерката објавена утрово не беше извршена бидејќи Хусени беше во работна посета на Баку, Азербејџан, каде што учествуваше на конференција со шефови на разузнавачки служби од различни земји.

Премиерот Еди Рама најави итно разрешување од должноста на Влора Хусени од САД каде што е во официјална посета, додека претседателот го донесе декретот за разрешување вечерва.