ЕФА: Да се унапредува автономијата за националните малцинства во Европа

Членовите на Бирото на Европската слободна алијанса одржуваат работна средба на 24 септември во Комором, Република Словачка со претставници на партиите членки на ЕФА од Централна Европа, со цел да разговараат за начините за зајакнување на прекуграничната и прекупартиската соработка во регионот, со посебен фокус на унапредување на автономијата и самоуправа за националните малцинства.

После Првата светска војна, многу народи и региони во Централна и Источна Европа беа директно погодени од новите произволни демаркации, што имплицираше дека, одеднаш, се најдоа во странска држава, со што станаа малцинство во земјата. Овие малцинства, претставени од повеќе партии членки на ЕФА, имаат свој јазик и култура, различни од оние на државата на која припаѓаат.

Европската слободна алијанса цврсто го поддржува правото на одлучување за сопствената иднина за овие малцинства и народи, чии проблеми се уште се во голема мерка нерешени, вклучително и нивниот статус на признавање во земјата, како и нивните барања за самоуправа и лингвистичко и културно признавање .

ЕФА ќе соработува со групата на Централна Европа, формирана од десетина партии на ЕФА, кои ги претставуваат народите со историски, географски и културни сличности и се соочуваат со заеднички предизвици – во промовирање на прекугранична и меѓу-партиска соработка и со цел да се направи ЕФА повеќе видлива на регионално ниво.

Заедничките иницијативи кои вклучуваат политички организации, културни здруженија и граѓанското општество може да дадат пресуден придонес за Европа на самоуправните народи и региони, во кои е загарантирана заштитата и понатамошното промовирање на локалните јазици и култура, исто така во образовните системи на сите нивоа.

Средбата се одржа во Комором, историски унгарски град на сливот на реките Дунав и Ву, што беше поделена по Првата светска војна, нејзиниот северен дел моментно е дел од Словачка, додека југот од него останува во Унгарија.