Екслузивни слики од голема прослава организирнао од Македонската православна црковна општина “Свети Спас” во Латцен-Хановер 

Македонската православна црковна општина “Свети Спас” во Латцен-Хановер, Сојузна Република Германија одбележан патронот на црквата Св.Спас, по светата Литургија во црковниот двор, се организира голема прослава co богато македонско мени и прекрасни народни македонски песни и ора.

На прославата присуствуваа, Градоначалникот на Општина Латцен г-дин Каи Егерт ридружуван од Заменик-градоначалникот на Општина Латцен г-дин Ернесто Небот Помар, Македонскиот Амбасадор во Берлин Проф.др Илбер Села, придружуван од заменик-амбасадорот Васко Грков, Претседател на Македонската православна црковна општина “Свети Спас” во Латцен-Хановер, г-дин Иван Поп – Ристов, Парохискиот свештеник Тоше Манев заедно со црковната управа, Претседател на Македонски клуб “Илинден”-Латцен, г-дин Живко Лазаров, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и бројни членови, преставници на Македонската православна црковна општина Свети Спас.

Македонската православна црковна општина “Свети Спас” во Латцен-Хановер, и понатака ќе работи на заштита на верскиот идентитет на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет на Македонците во Сојузна Република Германија.