Екслузивно интервју за Весникот „Илинден”: Борче Величковски претседател на  македонската национална заедница во Србија

 

Борче Величковски е роден на 29.08.1973 година во Крива Паланка, Република  Македонија  Претседател на Националниот совет на македонската национална заедница, во мандатот 2010 – 2014 и 2014-2018. Дипломиран менаџер во медиумите. 10 години работно искуство во стопанството,10 години работно искуство во културата, пишаните и електронските медиуми и активизмот за заштита на човековите и малцинските прав. Бил на многу раководни позици Раководител на секцијата „Синтеза“ во ХИП Азотара (1998-2002) Раководител на секцијата „Филтрирање на CО2„ во ХИП Азотара (2002-20007) Уредник на списанието „Јабука“ (2001-2002) Уредник на политичко информативната ревија на македонски јазик “Македонска виделина“ (од 2007 до 2009) Заменик директор на Новинско-издавачката установа „Македонски информативни и издавачки центар” д.о.о. (2008-2009)  ВД Директор и Главен и одговорен уредник на Новинско издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“ Д.О.О.(2009-2011) Претседател на ИО на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија (2005-2010 .Претседател на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија (2010-2014). Член на Мешовитата меѓувладина комисија за следење на Спогодбата за правата на српското национално малцинство во Р.Македонија и македонското национално малцинство во Р.Србија (од 2010) Субкоординатор на Националните совети на Националните малцинства на Р.Србија (2011-2012) Председател на Координацијата на Националните совети на Националните малцинства на Р.Србија (2012-2013) Председател на Координацијата на Националните совети на Националните малцинства за АП Војводина (од 2014) Член на Националниот совет на националните малцинства на Р.Србија (од 2010) Член на Работната група на Владата на Р.Србија за изработка на Акционен план за поглавието 23 во процесот на интеграциите во ЕУ (од 2015) Член на Националниот совет на македонската заедницa за АП Војводина (2004-2010) Координатор на одборот за култура на Националниот совет на македонската заедница во Србија (2004-2006)Председател на КУД „Васил Хаџиманов“(2001-2007.година) Директор на КУД „Васил Хаџиманов“( од 2007-2010) Координатор на Националниот Ансамбл за народни песни и игри на македонската заедница во Р.Србија „Тоше Проески“(2008-2009) Портпарол на Демократскиот покрет за Панчево(2004-2005.година)  Потпредседател на Демократскоиот покрет за Панчево(2005-2006.година) Председател на Демократскиот форум на македонската заедницаво Р.Србија(2007-2009). Координатор на здруженијата за формирање на Сојуз на Асоцијации на припадници на македонското малцинство во Србија (2009 -2010) Председател на Здружението на припадници на македонското национално малцинство за Јужнобанатски округ „Вардар„ Панчево, подружница Јабука (2002 до 2004) Носител на листата „Македонци заедно„ 2010 и 2014 година за изборите за Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија. Творец на концептот „Македонски обединети сили”- МАКОС. Автор на Националната стратегија на македонската национална заедница во Р.Србија 2013 – 2023. Иницијатор, суоснивач и оснивач на голем броја на организации на МНЗ во Р.Србија. Учесник, уводничар и предавач на голем број семинари, округли маси и конференции на тема човечки и малцински права во организација на цивилни организации, државни органи на Р.Србија и меѓународни институции. Добитник е на повеќе награди и признаниа меѓу кои се и: Награда за интеркултурален дијалог-Здружение на Евреји и нивни пријатели „Шалом Тора„ Високо признание за изузетен придонес и заслуги на полето на афирмацијата и зачувувањето на правата на македонското национално малцинство во Србија – Награда „Македонско сонце и Медал за заслуги за Македонија”

Весник „Илинден“: Колку брои Македонското национално малциство и во кој делови на Република Србија ги има?

Бројот на припадниците на македонското национално малцинство или како ние преферираме да кажеме македонската национална заедница во Србија, на последниот Попис кој се спроведе во 2011 година изнесува 22.755 припадника. Меѓутоа оваа бројка по сите други показатели е далеку од точна. Имено некои истражувања кои ги имаат спроведено меѓународни организации и институции говорат дека во Србија има помеѓу сто и сто и педесет иљади припадници на нашиот народ. Ќе подсетам дека на Пописот од 1991 година бројката изнесуваше 45.407 припадници. Земајќи ги впредвид и бројките кои говорат за бројот на населеноста од страна на нашите припадници во големата колинизација спроведена 1946-47 година и мислењата на струката, пред се социолозите, демографите и други, спрема кои во однос на таа почетна бројка во тек на наредните четириесет години доаѓа до дуплирање на населението а ние сме од колонизацијата еве веќе 70 години на оваа подрачје, се доаѓа до факт дека претпоставките и истражувањанта на поедините институции и организации не се без подлога. Она што честопати го истакнувам и како наш хендикеп но и како наша голема предност е фактот дека од 178 градови и општини во Србија нас не има во 174. Спаѓаме во ред на една од најдисперзивно населените национални заедници во Србија.

 Весник „Илинден“: Како се организирани Македонците во Србија?

Македонскиот народ кој беше конституивен народ во бившата СФРЈ, после распаѓањето стана национално малцинство најпрвин во СЦГ, а подоцна во Република Србија и како такво се најде во незавидна положба во однос на останатите национални малцинства, кои имаа различни облици на организираност во областите на службената употреба на јазикот и писмото, националната култура, образованието, информирањето, вработувањето во јавните институции, управата и власта. Практично до 2002 година и немаше некој посериозни обиди за организирање на нашата заедница што реѕултираше со опаѓање на нашата бројка во Србија за 41,3% во само во една декада. Од горе наведеното пред македонската национална зедница јасно се постави потребата за, пред се,започнување напроцесот на зачувувањето, а понатаму и зацврснувањето на националниот идентитет колективно и кај секој поединец лично. Ние треба да се подсетиме дека согледувајќи ја првичната ситуација еден број на македонски интелектуалци, кои што живеат во поголемите градови во Р.Србија, на 09.11.2002.година во Јабука кај Панчево одржаа советување на тема:„Положбата на македонското национално малцинство во СЦГ и превземање на мерки за спречување на постоечката состојба„. На состанокот присаствуваа околу 50 интелектуалци со македонско потекло од сите краеви на Р.Србија.Како резултат насоветувањето на припадниците на МНЗво Р.Србија на 26. декември 2004. година формиран е Националниот Совет на македонската заедница во (тогаш) СЦГ од 21 член. Одејќи понатаму систематизирано, со јасна цели стратегија формирани се и 33 здружение или струковна организација а во рамките на Сојузот на асоцијации на МНЗ во Србија чиј што оснивач е Националниот совет на македонското национално малцинство.Формирани се Новинско издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар„, Националниот Ансамбл за народни песнииора „ Тоше Проески„,кој сега функционира како Центар за заштита на традицијатаи посебностана МНЗ, Форум на младиМакедонци, Друштво на интелектуалци Македонци „ Лоби Клуб„ , Фондација на македонската култура „ Македонско сонце„, Друштво на писатели, Друштво на ликовни уметници, Централна библиотека на македонски јазик, покренати се емисии на електронскитемедиуми , низа манифестации од кои е најпознатата „ Себеси во походи„, која е признаена како манифестација од значај за АП Војводина и Р.Србија, денови на македонската култура во Белград, Нови Сад и Ниш, покренат е курсот за изучување на македонскиот јазик „ Добре дојдовте на македонски јазик„, за да се од 2011 година започне и со изучување на предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура„ предходно воврстен во Законот за образование на Р.Србија , оформени се драмски и рецитаторски секции, спроведени низа проекти како што е „Татковината чука на твојата врата„ , прослави на Илинден, 8 септември, 26 декември, „Корени„ во Република Македонија, учествувано ена една цела низа локални манифестации, соработката со републичките, покраинските и локалните власти е покрената и подигната на највисок ниво, особено со Амбасадата на Република Македонија, а исто такаи со сите највисоки институции во матицата, што резултираше помеѓу другото и со праќање на голем број студенти Македонци од Србија,стипендисти на студирање во татковината, воспоставени се одлични односи со највисоките функционери на двете земји што резултирше со нивни посети на Националниот совет, македонскиот јазик е воведен во службена употреба во неколку места, во Статутот на АП Војводина сме воведени како конституивен народ а не како останато малцинство, и уште многу други работи. Македонсците во Србија денес се организирани во „МАКОС„ МАКОС или „Македонски Обединети Сили„ е стратешки пристап на форматирање и систематизирање на македонската заедница во Србија во рамките на законските норми. Со препознавање на основната цел на македонската национална заедница во Србија-зачувувањето и трајното негување на идентитетот низ меѓународно определените и од страна на научната јавност признаените постулати, јазикот, писмото, културата, традицијата, обичаите, верата и другите битни области, со препознавање на законските можности на организирање на една национална заедница преку општествениот или државно проектираниотсектор кој го покрива Националниот совет на македонското национално малцинство, цивилниот, недржавниот сектор кој го представува Сојузот на Асоцијации на припадници на МНЗ во Србија и како трет политичкиот сектор, лесно е да се воочат стратешките потенцијали на нашата заедница. Битното е трајно, комуникацијски и хиреархиски јасно, поврзување на трите сектори и нивните капацитети во обединети или здружени снаги кои ќе го модулираат патот кој ќе ја заштити крајната цел.

 Весник „Илинден: Како ја оценувате положба на македонското национално малциство во Србија?

Од предходното изнесено и земјаќи впредвид што е се постигнато во последните 15-тина години можам да кажам дека од ден во ден нашата положба во Србија е се подобра и подобра. Секако дека тука помага и позитивното законодавство во оваа сфера на Р.Србија. Но морам да нагласам дека остануваат и голем број активности и проблеми во рамки на зачувување на правата кои се допрва пред нас.

Весник „Илинден: Колку епристапено во државни институции Македонското национално малциствои дали има Македонци во раководни позици?

Ако се надоврзам на педходниот одговор можам да кажам дека најпрвин мислев на оваа област која ние во Србија ја викаме делотворно учество во јавниот живот. За жал нашата застапеност на раководни функции не е на висок ниво. Не сакам да кажам дека нема наши припадници на поедини функции но тие не се поставени како дел од активностите на заедницата или во рамките на застапеноста како припадници на една национална заедница веќе како единки. На оваа поле мора уште многу да се работи и нашите политички партии мислам на партиите кои во своето име и програма носат префикс македонски треба сериозно да го сватат овој проблем и со наша помош стратешки да пријдат кон него.

Весник „Илинден’’: Коко е одност на Националниот совет, спрема друштавата и политичките парти на Македонците во Србија?

Бидејќи функционираме во системот на „МАКОС„ делумно е одговорено на оваа прашање. Секако дека Националната стратегија која важи до 2023 година треба да има евалуација со која треба да се утврди досегашното меѓусебно функционирање и кои се елементите кои можат да се сподобрат. Во живото и работата се е процес а наша задача во однос на функционирањето на организациите е да го изнајдеме најдобриот модел и најдобрата програма за дејствување.

Весник „Илинден: Дали односот на Република Србија кон Македонско национално малциство е како односот што има Република Македонија кон Српската заедница во Република Македонија. Српската заедница во Република Македонија има заменик министри, градоначалници, дирктори во јавни претприати, дали треба да има реципроцитетот?

Согледувајќи го фактот дека во 2004 година се потпиша меѓудржавна спогодба помеѓу Р.Србија (тогш СЦГ) и Република Македонија за зачувување и унапредување на правата на српското малцинство во Република Македонија и македонското во Република Србија, сметам дека српската национална заедница во Македонија во тој поглед ужива поголеми права во однос на македонската национална заедница во Србија. Една од причините е и податокот по кој мешовитата меѓувладина комисија која треба да ја следи имплементацијата на оваа спогодба во која само што не стои зборот „реципроцитет„, не се има до ден денес состанато. Иако сум член на оваа мешовита меѓувладина комисија предложен и усвоен од страна на српската држава, Р.Македонија се уште не го формира делот на комисијата од представници на Владата на Македонија. Во тој поглед се додека не се формира оваа комисија до крај не можеме,практично да се повикуваме на овој битен и стратешки документ.

Весник „Илинден”: На 02.04.2017 година, ќе се одржат претседателски избори во Србија, Македонското национално малциство дали има фаворит и дали ке подржи некој од кандидатите?

Националниот совет на македонската национална заедница во Србија е државна институција на Р.Србија и како таков орган секогаш ги вагаме нашите одлуки односно проценуваме на што имаме право во политичките дејности. Иако во минантото излегувавме со ставови кога се работи за председателски избори, како Национален совет, денес кога се формирани и политички организации, сметаме дека политичкиот став треба да го кажат политичките партии на Македонците во Србија.

Весник „Илинден”: Со кои проблеми се соочува македонскo национално малциство во Република Србија?

Генерално сите досегашни елементи кои ги кажав во оваа интервју , а многумина и не се набројани , се секако и дел од проблемите кои како процесни постојано ги решаваме. Нашите досегашни апели секако најмногу одеа во насока на образованието иако имаме големи резултати секојдневно се соочуваме со бројни проблеми и околу изработката на учебниците, имплементацијата и усвојувањето на плановите и програмите, печатењето на учила, па се до проблемите со кои се соочуваме во самите училишта и во секојдневната коренспонденција од локалниот до државниот ниво.

Весник „Илинден”: Како претседател на Национален совет на Македонците колку сте задовлни од остварувањето на правата на Македонците во Србија?

Ги поканувам читателите на Вашиот весник да ја посетат нашата веб страница www.nsmakedonaca.org.rs а секако и нашите страници на општествените мрежи каде можат да се запознаат со нашите активности. Ако се земе впредвид дека тргнавме речиси од минус можам да констатирам дека е направено многу но секако и останува да се направи уште многу од аспектот на подобрување и оставрување на нашите права во Србија.

Весник „Илинден”: Вашата порака до Македонците во Србија?

Како и во секое интервју, секогаш ги повикувам нашите припадници, не само во Србија веќе насекаде во светот на слога и единство , на, пред се, меѓусебно почитување, но и почитување на сите сограѓани со кои живееме, на гордост со нашиот идентитет и спремност да ја очуваме нашата традиција, историја, култура и сето онаа што не чини Македонци.

 

Македонски весник „Илинден“

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај