Екслузивно интервју за весникот „Илинден”: Фото Никола прв Македонец вработен во Државниот комитет за малцинства во Тирана

 

Роден сум во село Шулин, Мала Преспа. Основно образование завршив во Пустец, средно педагошко во Елбасан и Филолошки факултет во Тирана. Две години бев во седмолетката во Пустец, потоа, во 1971 година бев назначен за професор во гимназијата во северното албанското градче Пука. Таму работав и како инспектор во Дирекцијата за образование во тој округ. После тоа ме назначија за директор во средно училиште во Моглица, Корча, продолжив како професор во средното училиште. Во 1991 година бев назначен од Министерството за образование за редактор за учебниците на малцинските македонски училишта. До таа година се изготвуваа од познатиот учебникар Никола Беровски до 4-одделение и тоа не сите предмети, а беа главно превод од албанските учебници. Од 1994 почнаа постепено да се печатат на македонски јазик учебници за петто одделение, и натаму за шесто, седмо и осмо одделение. Не беше лесно да се продожи успешната работа на Н. Беровски. Секоја година се печатеа поквалитетни учебници, како што беа учебниците по македонски јазик за 1-8 одделение, исто и читанки, запознавање на природата за 3-4 одделение, математика и работни листови 1-4 одделение, граѓанско воспитание за 1-8 одделение и други. Учебниците се множеа и се подобруваа секои 2-3 години. Од 1991 година па до 2004 година, имавме по две емисија на македонски јазик во Радио Корча, првите години 3 пати неделно, а потоа секој ден со исклучок на  викендот. Од 2004 па до 2014 година работев во Државниот комитет за Малцинствата (Тирана) , како претставник на македонското малцинството. (Во градот Корча во 1991 година, Македонците од овој град ме избраа во ракоодставото на Друштво Преспа, органокот за Корча). Сега сум пензионер, секогаш активен, колку што можам за македонските права во Албанија.

Весник „Илинден“:

Господине Николасо децении сте борец за зачувување на права на Македонците во Албанија. Сметаме дека сте вистинската личност која може да одговори на прашањето кои се главните проблеми на македонското малцинство во Република Албанија?

Фото Никола – Многу пати сум го слушнал ова прашање. Секогаш постоеле и моментално постојат проблеми, почнуваќи од економски, и серија други проблеми. Ние, Македонците во Албанија имаме своја Партија, со нејзини раководни органи. Сооглед на фактот што јас не сум бил во нејзините раководни органи, не можам конкретно да критикувам за слабата работа на тие органи. Но, ова не е мал проблем. Во Тирана, главниот град на Република Албанија каде живат поголем број Македонци, не постои никаква партиска работа. Македнците не се организирани. Во далечните деведесетти години постоеше огранок на “Друштво Преспа”, како и друштвото “Мир”. За никаква активност на овие друштва моментално, не станува збор. Јас лично би сакал да слушам регирање на избраните преставници на Партијата за многу проблеми кои ценам дека не потребно да ги споменам. Деновите Албанска национална телевизија почна кратка програма и на македонски јазик, како и за другите малциства. Тоа е можност за да се бара поширака програма и да се даде можност да се изразуваат малцинските права. Проблеми постојат во сите населби на малцинството, а одамна е веќе познато дека сите млади луѓе бегаат за работа во странство. Сепак, ваквата појава не се однесува само на Македонците. Евидентно е дека малку е постигнато на полето на инвестции во Општината Пустец и другите населени места каде живеат Македонци. Исто така, мислам дека многу повеќе треба да се работи на зачувањето на македонските традиции, како и на зачувување на културата и историјата на македонското население во Албанија и др.

Весник „Илинден”:

Проблемите со кои се сочува македонскo малциство во Република Албанија се бројникако стручно  лице од делот на образованието можете да ни кажите кои се проблемите во образованието на Македонците во Албанија?

Фото Никола – Кога зборуваме за образованието на македонското малциство го имаме предвид само функционирето на училиштата во селата на Општината Пустец, како и во село Врбник. Преку краткотрајни проекти се има изучувано македонскиот јазик за малубројни деца во градот Корча, како и во Билишта, Поградец, Тирана и др. Образованието е далеку од тоа што се одлучи од Министерството за образование во 1994 година, да се изучуваат на македонски мајчин јазик 60 % од предметите, исто како и во училштата на грчкото малцинство во Р. Албанија. И покрај настојувањата и постојаното барање да се оствари таа одлука, ниту една Влада, ниту онаа на демократите, ниту онаа на социлистите, не додели фондови за составување и печатење на учебниците: запознавње на природата, граѓанско воспитание, биологија, математика и др. на македонски јазик. Не постојат ниту литература, ниту помагала за децата од предучилишното образование и натаму. Кај нас треба да се покренат иницијативи и за приватни училишта за поголеми можности децата да го учат мајчиниот македонски јазик и онаму каде што тие се малубројни. Нека се состанат интелектуалци, преставници на Пратијата и од Власите, нека се истакнат недостатиците во образованието на македонскто малцинство, нека се известат за се централните власти. Секогаш постои недоставување на организирана квалификација на наставниците од македонското малцинство во Република Албанаија

Весник „Илинден”:

Како понарешен преставник на македонското малцинство во државниот комитет за малциства, каква е застапеноста на Македонци во раководни позици на централно и локално ниво?

Фото Никола – За застапеноста на Македонци во раководни позиции на централно и лакално ниво нема точни официјални податоци. Познато е дека многу мал е бројот на застапеноста на централно ниво, во централната администрација на државата, подобра е на локално ниво. Токму поради ова, многу повеќе треба да се бара од страна на партијата МАЕИ за разрешување на овој проблем. И Комитетот за малцинствата нема добиено точни официјални податоци за застапеноста на Македонци на раководни позиции, во централната администрација. Немаме претставник во Парламентот. НО, припадници на македонското национално малцинство во Албанија има во сите области на животот: поголем број професори, лекари, агрономи и други

Весник „Илинден“:

Кои се вашите идни планови во однос на заштита на интересите на македонското  малцинство во Албанија?

Фото Никола – Планови за заштита на интересите на Македонското национално малциство во Република Албанија сиурно си има партијата МАЕИ. Лично би сакал многу поголема ангажирност на млади луѓе во раковоството на Партијата, поактивна работа преку пројекти иа македонските друштва во Тирана, Корча, да се работи што повеќе за јакње на општесвениот и културниот живот на припадниците на македонско национално малциство, каде има потреба да се бара помош од татковината Македонија.

Весник „Илинден”:

Има ли нешто посебно што би сакале да го испратите како ваша порака до Македонците во Република Албанија?

Фото Никола – Би сакал да го слушам почесо гласот на Македонската партија, да регира во сите случување кога е потребно. Се ќе се рализира полесно ако партијата е подобро организирана, ако се бара очет од секого како ги брка работите. Посакувам се и поголеми успеси на нашата партија, и на сите Македонски друштва кој функционрат во територијата на Република Албанија.

 

Македонски весник „Илинден“

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај