Екслузивно интервју за весникот „Илинден”: Јован Шкмби претседател на друштво “Преспа” огранок Поградец, советник од Македонска Aлијанса за Eвропска Интеграција во советот на општина Поградец

Јован Шкмби е роден на 28 јануари 1954 година во село Церје, Мала Преспа, од родители Филип и Тодора Шкмби. Има завршено студии на Земјоделскиот универзитет во Тирана во 1977 година. Работел како главен специјалист зооветеринар на задругата Стравај, округ Либражд, директор на претпријатието на пасиштата во Либражд. Од 1993 година, денес работи приватно на негова фирма “ОНИ’’ со центар во Либражд. Во 1993 година беше формирана секција на Македонско друштво “Преспа’’ во Поградец кое се однесувало на цела општина. Шкмби бил избран за претседарел на секцијата на Друштвото, кое го води до денес. Веднаш после формирањето на македонска партија именувана Македонска Алеанса за Европска Интеграција во 2005 година бил избран за преседател на Партијата МАЕИ за Поградец, на која функција бил до 2014 година. Активен член бил на Управниот комитет на Друштвото „Преспа“ Албанија, исто така и член на Управниот комитет на МАЕИ. На 26 јуни 2015 победил на локалните избори и станал советник во Советот на општина Поградец во име на партијата МАЕИ секција Поградец, со 4 годишен мандат. Со оглед на неговото македонско потекло, се бори за што е можно поголема застапеност на Македонците во сите нивоа на управување на општинско ниво. Живее во град Поградец, женет со Нада Шкмби, татко на три деца.

Весник „Илинден“: Господине Шкемби, со децении сте активен борец за зачувување на националните права на Македонците во Поградец. Поради тоа, сметаме дека сте вистинската личност која може да одговори на прашањето колку брои македонското национално малцинство во градот Поградец и околијата, како и во кои делови на градот ги има?

Јован Шкемби: – Како во цела Албанија, така и во општина Поградец живеат поголем број Македонци.По наше регистирање во општина Поградец живеат над 400 Македонци, но бројката не е точна бидејќи немаме сериозен и сигурен државен регистар, кој може да ја покаже реалната цифра. Повеќето од нив живеат во градот Поградец, но Македонците ги има и во блиските населени места Лин,Тушемиште, Пешкопеа и Старова.

Весник „Илинден’’: Вие сте претседател на Друштво Преспа огранок Поградец. Може ли за нашите читатели да објасните кaко функционира Друштвото?

Јован Шкемби: – Нашето друштво “Преспа“ е формирано во март 1991 година. и е едно од најстарите друштва во Албанија. Активностите на Друштвото се базираат на фактот што овде живеат Македонци кои се доселени од селата на Преспа,од село Врбник,од општините на Голобрдо и Гора. Исто така има многу Македонци, стари фамилии кои се дојдени пред многу години од Македонија. Таквиот состав на македонското население, побарува и различни активности од страна на Друштвото.За таа цел, Друштвото има избрано месен комитет од 7 члена и секој од нив ги извршува задачите кои му се издават на состаноците, кои пак се одржуваат еднаш месечно. Активно функсионира канцеларија на Друштвото, потоа имаме македонска библиотека со над 500 македонски книги и романи. Работевме и ја звршивме првата фаза на проектот “Учиме мајчин македонски јазик“ со 20 ученици-деца Македончиња.

Весник „Илинден”: Проблемите со кои се соочува македонскo национално малциство во Република Албанија се бројни, но можете ли да ги посочите најгорливите, можеби и најдолго нерешените проблеми?

Јован Шкемби: – Најголемиот проблем кои стои пред Македонците во Поградец е невработноста. Има многу млади школувани лица без работа. Друг проблем имаме со многуте способни кадри – офицери, кои се исфрлени од државната работа, а за волја на вистината нема вработени Македонци во институциите за внатрешни работи на Албанија. Многу време се бориме со Владата на Македонија да помогнат да направиме една македонско црква и нашиот македонски народ да има своја црква за да ги служи празниците како и во Македонија, ама разбирање нема. Мислам дека треба повеќе внимание да се обрне од страна на Владата на Македонија за да планира изработување на дводржавни или погранични проекти со цел да не се заборави македонскиот фолклор,традиција, демографија,курсови за интернет за младите и др.

Весник „Илинден”: Каква е застапеноста на Македонци во раководни позици на локално ниво во општина Поградец?

Јован Шкемби: – После локалните избори со наша помош вработивме во општина Поградец наши квадри. Има доста учители како детската градинка така и во основните и средните училишта. Имаме и три училишни директори.

Весник „Илинден”: Прв пат Македонска Aлијанса за Eвропска Интеграција доби советничко место во општина Подградец. Вие, како советник, како сте задоволен со правата на Македонците во општина Поградец и што планирате за подобрување на правата на Македонците во општина Поградец?

Јован Шкемби: Во периодот од овие две години имаме помогнато на доста македонски семејства во врска на решавање на многу проблеми од сите полиња,се вработани над 10 кадри Македонци во Општината, во врска со социјалната помош, за школување на децата како во Албанија и во Македонија и други активности. Секако има уште простор за подобрување на животот на Македонците во Поградец.

Весник „Илинден“: Како преседател на друштво Преспа и како советник на Македонска Алијанса за Европска Интеграција во општина Подградец, кои се вашите идни планови во однос на заштита на интересите на Македонците во општина Поградец и околија?

Јован Шкемби: – Веќе реков, дека има уште многу простор за работа. Планираме, школување на децата на македонски јазик, потоа ќе ја збогатиме библиотеката на Друштвото со македонски книги за сите возрасти. Ќе вработиме и други Македонци во општина Поградец. Ќе помогниме децата со македонско потекло за школување во средните училишта како и на Универзитет.

Весник „Илинден”: Има ли нешто посебно што би сакале да го испратите како ваша порака до Македонците во Република Албанија?

Јован Шкемби: – Мојот повик до сите Македонци е да бидиме заедно и да се бориме сите за заштита на правата и интересите на Македонците во Албанија, а со тоа и во Поградец. Искрено посакувам убава иднина за Македонија и да живее цел македонски народ секаде, каде што е.

 

Македонски весник „Илинден“

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај

Advertisement