
На парламентарни избори во Република Косово, што ќе се одржат на 28 декември 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 23 кандидати од разни делови на областa Гора.
На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска – Горанска заедница зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Република Косово, вели претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа, дипломиран инжињер.
Партијата “Единствена горанска партија” учествува на изборите со кандидати од областа Гора. Ве покануваме заедно и масовно да излеземе на гласање за да покажеме дека и покрај многубројните и разновидни напори за гаснење на нашиот идентитет и гласот наш, ние постоиме, ние сме тука и сме посилни од било кога.
Вашиот глас за Партијата “Единствена горанска партија” ја зајакнува и ја чини уште посилна во посветеноста кон легитимните барања на Македонска – Горанска заедница во Република Косово, европските стандарди на локална самоуправа да ја вклучуваат и областа Гора, и за вистинска економска и политичка еднаквост и поголема застапеност во институциите. Ве повикуваме, излезете на гласање и заокружете го бројот 118.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden