Г-7 потпишаа манифест за сеопфатен економски развој

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-7 на денешниот состанок во Бари потпишаа манифест за сеопфатен економски развој, изјави на крајот на средбата италијанскиот министер за финансии Пјер Паоло Падоан.

Документот ги поставува темелите на системот на единствена политика за постигнување на рамномерен економски раст, посочи министерот, кој прецизира дека во заклучната декларација се определени конкретни активности за повеќе теми. Учесниците особено внимание посветиле на кибер криминалот во финансиската сфера.

Тие признаваа дека кибер нападите се закана за економиите на земјите и за нивно спречување се потребни мерки на политичко ниво, се вели во изјавата, во кој се посочени и рокови за изготвување на соодветни мерки, до октомври 2017 година.

Учесниците го потврдија и мандатот на Организацијата за економска соработка и развој за оценка на условите за разработка на предлозите за воведување олеснување со даноци на најголемите интернет компании. Сите учесници беа едногласни дека заедничкото решение е поефикасно од националните планови, нагласи Падоан.

Претходно американскит министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека САД си го задржуваат правото на протекционистички мерки во трговијата. Ние не сакаме да бидеме протекционисти, но го задржувме правото да бидеме протекционисти, доколку сме убедени дека трговијата не е слободна и чесна, изјави тој на прес-конференција по состанокот. Во Г-7 членуваат Велика Британија, Германија, Канада, Италија, САД, Франција и Јапонија.