
Германија воведе зголемени контроли на граничните премини пред летната сезона, што значително влијае на меѓународниот патнички превоз со автобус.
Целта на оваа одлука е да се спречи нелегалната миграција и трговијата со луѓе. Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, само во првите седум дена од засилените контроли, Федералната полиција одбила 739 лица на границата.
Автобусите, заедно со помалите камиони, се честа цел на граничните инспекции. Полицијата истакнува дека ова превозно средство често го користат луѓе кои се обидуваат нелегално да влезат во Германија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden