Германија и отпиша долг на БиХ во висина од 12,8 милиони евра

Германската Влада го отпиша долг на БиХ во висина од 12,8 милиони евра, соопшти Амбасадата на Германија во Сараево. Услов за отпишување на долгот беше Владата на Федерацијата на БиХ да го ренатурализира подрачјето околу рудникот во близина на Мостар и Владата на Република Српска 20 отсто од долгот од сопствени средства да инвестира во водоснабдување и собирање на отпадните води во Костајница. Откако двата ентитета ги исполнија условите овозможено е отпишување на долгот, се посочува во соопштението.

Advertisement