Поплавите го парализира животот во Германија

Обилните врнежи од дожд во Долна Саксонија, Саксонија Анхалт и Туринген предизвикаа поплави на улиците, железничките станици и зградите. Мајкл Веинрих, градоначалник на општина Гослар во Долна Саксонија изјави дека во градот е прогласена алармантна состојба и дека е активиран центарот за контрола на катастрофални состојби. „Ситуацијата е многу сериозна“ додаде  Веинрих.

Како што соопшти полицијата на Гифхорн целосно биле евакуирани еден хотел и дом за стари лица. Освен тоа голем број регионални и магистрални патишта биле целосно затворени за сообраќај. Железничката пруга како и железничката станица во Бад Харцбург биле целосно под вода што предизвикало застои во одвивањето на железничкиот сообраќај.

Противпожарната служба на Хилдесхајм соопшти дека се преземаат мерки за да се спречи излевање на реките од коритата во подрачјето. Силното невреме искорна дрвја на неколку места кои исто така предизвикуваат блокирање на сообраќајот. Се очекува врнежите во Источна Германија да потраат уште неколку дена.