Годишната Македонска средба во Горно Крчиште ке се одржи на 19 мај 2018

На 19 мај 2018 година, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште – Полени -Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Св.Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите Македонци од областа Голо Брдо и од цела Албанија. Програмата ќе биде збогатена со македонски песни и ора и вкусно македонско селско мени.

Инаку селата Крчишта и Ербеле се македоноски села кои се наоѓаат во Општина Маќеларе, Албанија, оддалечени 10 километри од Дебар. Со поделбата на Македонија во 1913 овие села припаѓаат на Кралството СХС а од 1925 заедно со областа Голо Брдо потпаѓаат под Албанија, а за возврат кралството СХС го добива манастирот „Свети Наум“. Денеска во овие села се останати неколку македонски фамилии додека останатите Македонци, како што самите кажуваат, под различни притисоци од Албанците се преселени во други места а нивните имоти се узурпирани. Овој притисок го чуствуваат и преостанатите македонски фамилии останати во овие села. Иако овие Македонци се раселени низ Албанија сепак не го забораваат своето македонско потекло и одлично го зборуваат македонскиот јазик.