Грчката пратеничка Пети Перка го критикуваше градоначалникот на Лерин во одбрана на македонската  група “Ендопика”

Грчката пратеничка Пети Перка, во својот јавен настап, го критикуваше градоначалникот на Лерин за, како што оценува, постапка на цензура пред одржувањето на традиционалниот локален празник “огновите“.

Пети Перка посочи дека младата музилка група “Ендопика”, која требаше да настапи на плоштадот кај судниците, била спречена да ги изведува своите песни со текст, поради незадоволство на градоначалникот или притисоци од интересни кругови.

Не смее да се дозволи мракот и национализмот да ги потисне културното наследство, традицијата и уметничкото изразување на нашата заедница. Музичката традиција, локалните мотиви и дијалектите се живи елементи на историјата и културната разновидност, тоа не претставува закана, – нагласи Перка.

Перка го повика градоначалникот и локалните функционери да се помират со напредокот и да ги остават на страна цензурата и екстремистичките влијанија, потенцирајќи дека демократијата и културата ги прифаќаат музиката и јазикот, а не ги потиснуваат.