Каменос: „Независни Грци“ ќе излезат од Владата

„Независни Грци“ ќе ја напуштат владата пред Договорот од Преспа да влезе во грчкиот Парламент, најави лидерот на оваа партија, Панос Каменос. Не може да се даде името без да му се даде збор на грчкиот народ, оценува Каменос во интервју за тамошен медиум. Ќе си поднесеме оставки како министри во владата оној момент кога премиерот Ципрас ќе реши договорот да го внесе во Парламентот, рече Каменос.

Advertisement