Интервју за Макфакс: Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тиранa Никола Ѓурѓај

Односите и соработката на здруженијата на македонското и грчкото малцинство во Албанија се мошне коректни и добри.  Оваа оценка ја изнесува Никола Ѓурѓај, претседателот на македонското здружение „Илинден“ со седиште во Тирана. Ѓурѓај, кој инаку е и главен уредник на весникот „Илинден“, за „Макфакс“ изјави дека комуникацијата на македонските здруженија во Албанија со здружението „Омонија“ на грчкото малцинство секогаш се на потребно ниво и  се мошне коректни.

„Слична е и соработката со здруженијата на другите малцинства бидејки барањата на малцинствата во Албанија се исти. Ние не сме имале конфронтации околу националното прашање“, истакнува Ѓурѓај. Во врска со влијанието на Грција врз грчкото малцинство во Албанија околу нивниот став кон македонското малцинство, Ѓурѓај истакнува дека тие добиваат насоки од Атина, но се коректни и заеднички ги бранат интересите на своите малцинствца.

„На состаноците кои често ги имаат малциствата во Албанија ние сме Македонци, а тие Грци и како такви се почитуваме“, вели претседателот на македонското здружение „Илинден“.

Advertisement