Интервју за Макфакс: Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана

На пописитите во регионите во Албанија каде што живее Македонско малцинство досега немаше ниту еден попишан жител како Бугарин,така што внесувањето на бугарското малцинство во законот за заштита на малцинствата во Албанија под притисок на Софија е срамен чин.

Ова за Макфакс го изјави лидерот на македонското здружение „,Илинден“, во Тирана, Никола Ѓурѓај, кој воедно е и главен уредник и аналитичар во весникот „Илинден“, што излегува во Албанија. Ѓурѓај нагласува дека донесувањето на законот од страна на Албанија е чекор напред во однос на правата на малцинствата, но дека бугарско малцинство не постои, а тоа го кажа и министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати.

Ѓурѓај оценува дека рекцијата на македонското малцинство во Албанија по оваа прашање е праведна бидејки со предлог законот имаше само осум малцинства меѓу кои не беше бугарското, а сега во собраниските комисии за надворешна политика и законодавство е предложено да има девет малцинства, односно да се вклучи и бугарското. „Ова внесување на бугарско малцинство е по силениот притисок на Бугарија врз Владата во Тирана, со закани дека ќе биде против интегрирањето на Албанија во ЕУ и тоа е тенденциозно“, истакна Ѓурѓај.

Според него, македонското здружение „Илинден“ и Македонците во целина ке бараат од претседателот на Албанија да не го прифати законот за заштита на малцинствата во Албанија во кој сега е вметнато и бугарското, бидејќи го нема во регионите што ги наведува Софија, каде што живее само македонско малцинство и има само Македонци .Исто така Ѓурѓај за Макфакс подвлекува дека ќе се бара и од европските институции да не се дозволи оваа промена.Се очекува расправата за овој закон во Собранието да почне во четврток.