Ирачката војска го ослободи Мосул

Губењето на Мосул претставува пропаст на Исламска држава, изјави ирачкиот премиер Хајдар ал Абади за време на официјалното прогласување на ослободување на градот. Ирачкиот премиер Ал-Абади прогласи Мосул победата над екстремистите на Исламска држава по девет месеци борба за тој град на северот на Ирак.

Во обраќањето од малата база во стариот дел на Мосул, каде што борбите се водеа неколку дена, Ал-Абади рече дека ирачките сили оствариле победа благодарејќи на ирачките маченици. Неколку саати пред неговото денешно обраќање борбите се уште траеја и не беше познато дали и последните екстремисти се поразени.

Меѓународната коалиција под водство на САД и честиташе на ирачката војска на преземање на Мосул од џихадистите после обраќањето на Ал-Абади. Американската централна команда соопшти декa иако уште постојат области на мосулскиот стар град кои треба да се исчистат од експлозивни уреди и евентуални скриени борци на Исламска држава, сепак ирачките сили го држат Мосул цврсто под своја контрола.