Летен камп “Ја сакам Македонија 2018 година” за Mакедонските дечиња од соседните земји на Македонија (ФОТО)

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија од 19 до 25 август 2018 година во Охрид се одржува вториот Летен камп “Ја сакам Македонија 2018 година” припадници на Mакедонското национално малцинство од Србија, Албанија, Грција, Косово, Бугарија.  Целта на оваа манифестација е одржување на врските со децата кои имаат македонско потекло, а кои живеат надвор од Република Македонија, традиционално се одржува секоја година. Од Република Албанија на летниот камп учествуваа Mакедонски деца од областите Голо Брдо и Мала Преспа и Тирана.

Во рамките на програмата на Летен камп “Ја сакам Македонија 2018 година” се одржува настава по Mакедонски јазик, Mакедонска култура. Македонско друштво “Илинден“-Тирана учестуваше со Сара Џелили, Сабина Џелили, воспитувач Фидана Ќулханџиу, Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо со Ервин Синанај, Марио Зепај,  Мартин ХалилајАнтонио ЏелилиЕрвис Даути, Еугест Бајрами и претседателот на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо Ули Халилај. Македонското друштво „Сонце” – Пустец со Никола Колевски, Христијан Аго, Кристијана Колевска, Мирјана Китани, Сара Главче, воспитувач Трајан Ванѓеловски.

Освен наставната компонента, учесниците имаа можност да ги посетат културно – историските знаменитости во Охрид и охридското крајбрежје, како што се Музејот на вода – залив на коски во месноста Градиште, манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски и Куќата на Робевци во Охрид и да проследат проекции на документарни филмови за историјата на Македонија и македонскиот народ. Предвидено е, секоја година да се зголемува бројката на учесници на кампот, а право на учество да имаат сите Македонци, без разлика на кој дел од светот живеат, што укажува дека овој проект полека прераснува во една традиција којашто ги обединува Македонците од националните малцинства од соседните земји и од дијаспората.

На овогодинешниот летен камп учестваат повеќе од 80 ученици со македонско потекло од Албанија, Бугарија, Грција, Србија , Босна и Херцеговиа, Италија, Австрија и Чешка кои посетуваат курс по македонски јазик, историја и географија на Република Македонија. Настанот има за цел да го подобри познавањето на мајчиниот јазик на целната група и едновремено да се создаде поголемо заедништво помеѓу Македонците од соседните земји.

 

 

Advertisement