
Непознати сторители ги запалиле и стопиле пластичната реклама на клубот на античките Македонци во градот Гоце Делчев, како и еден постер. На местото на изгореното залепиле мапа на Голема Бугарија.
Претседателот на клубот Иван Гаргавелов го открил направеното вчера на 28 и денес го пријавил во полиција. Тој вели дека е сигурен дека нападот е извршен од бугарските националисти.
Клубот на антички Македонци во Бугарија е една од двете македонски организации што беа регистрирани во 2019 и од тогаш се во процес на одземање регистрација, при што членовите беа викани три пати во полиција и принудувани да се распишат од клубот.
Во нападите врз клубот на ОМО “Илинден“-ПИРИН во истиот град пред десетина години, полицијата одби да земе било какви мерки.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden