Македонец од Албанија убен во Грција го бранел името

Петрит Зифле, 63-годишен мигрант во островот Крф во Грција, убиен е од 44-годишен по расправа за името на Македонија во кафеана. На 25 ноември попладнето Зифле, познат меѓу мештаните како Петрос, се вмешал во гласното дебатирање на соседната маса, на која при аргументирањето за Македонија биле клеветени и расно навредувани сите негрци. Петрит возвратил, при што дошло до кошкање, за на крајот да бидат разделени, а жртвата си заминала од локалот испратена со пцости и закани од неговиот убиец.

Подоцна членот на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими, каде што се случило убиството. Таму и е најден трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.

Полицијата за пет дена го расветлила настанот, откако попусто го пребарувала морското дно во близина во потрага по оружјето, но на вистинската трага ја одвело делче од пушката најдено на местото на злосторството. Сторителот го признал делото и е приведен. Грчки и албански медиуми јавуваат дека убиeниoт е случило на островот Крф минатата недела било предизвикано од расправија за името на Македонија, а убијците биле грчки националисти од Златна зора.

Телото на 63 годишниот Петрит Зифле било пронајдено кај градчето Лефкими, на јужниот дел на островот Крф, кој се наоѓа блиску до Албанија, на почетокот на минатата недела. Според грчкиот медиум Петрит Зифле посетил кафуле во близина на Лефкими, каде влегол во расправија со грчки посетители околу името Македонија.

Коментарите на Зифле биле сфатени како навреда од страна на грчките националисти во кафулето, по што еден од нив земал ловечка пушка и го застрелал Зифле. Неговото тело било фрлено во ендек близу Лефкими. Грчката полиција неколку дена го истражуваше убиството, без да изнесе детали за поводот за нападот врз Зифле, за дури денес да биде објавена причината.