Македонија У19 ја победи Англија

Репрезентацијата на Македонија до 19 години оствари голема победа со резултат 2:0 над Англија во последниот натпревар од елитниот квалификацискиот турнир на УЕФА за пласман во Европското Првенство. За жал овој триумф важи само за престиж, затоа што не не искачи повеќе од последното место на табелата, на која прва остана Англија со што автоматски си обезбеди пласман во Европското Првенство.

Англија со неколку големи таленти во својот тим падна во Скопје, откако наштие надежи покажаа дека можат многу повеќе од последното место кое го освоија во овие квалификации. Натпреварот беше отворен на прекрасен начин од страна на младите македонски фудбалери, откако уште во третата минута Јана Атанасов изведе вистинско ремек делосо постигнувајќи феноменален гол со ножички.

Во продолжение Англија бараше начин за израмнување, но успешно се одбранија нашите млади фудбалери, а од друга страна Македонија создаде уште неколку шанси за поголема предност. Сепак во пауза се отидео со наше минимално водство од 1:0. Вториот дел помина со неуспешни обиди на англичаните за израмнување, а откако успеаја да се одбранат, во судиското продолжение Чурлинов и Маневски изведоа одлична акција а Димитар Митровски погоди и ја запечати победата од 2:0.

Денеска во рамки на нашата група се одигра и натпреварот помеѓу Летонија и  Унгарија на која победа со резултат 3:2 остварија летонците. На крајот после три кола и покрај убавата победа над фаворитот Англија, репрезентацијата на Македонија до 19 години како последна ги завршува квалификациите за Европското првенство. Решавачки беа поразите од Летонија и Унгарија во првите две кола. Првото место го освои Англија, која има 6 бодови исто како и Летонија, но останува прва поради победата во меѓусебниот дуел.

Advertisement