Македонската Алијанса ја поздравува одлуката на ИНСТАТ

 

Македонската Алијанса ја поздравува одлуката на ИНСТАТ со која на сите државјани на Албанија им се дава можноста да се изјаснат за етничката и верска припадност на пописот кој ќе се одржи 2020. Ова е чекор напред кој ќе овозможи добивање на реална слика колку наши браќа и сестри Македонци живеат и работат во Тирана, Гора, Голо Брдо, Мала Преспа, Корча, и во другите региони во Албанија.

Сигурни сме дека со ова ќе падне во вода смешното тврдење на неодговорните Бугарски политичари и негатори на Македонскиот идентитет, кои, злоупотребувајќи го Европскиот Парламент насилно издејствуваа Резолуција со која невистинито се признава постоење Бугарско малцинство во регионот на Гора во Албанија. Истовремено, очекуваме дека после резултатите на пописот во 2020 Албанската Влада и Парламент ќе имаат доволно причини да ја сменат територијалната организација со која на регионот на Голо Брдо и Гора ќе им овозможат да станат посебна Општина, како Пустец, во која исто така живее доминантно Македонско население.

Целосно застануваме зад барањето на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана кое правилно инсистира граѓаните на Албанија на пописот во 2020 да имаат задолжителна обврска да се изјаснат за својата етничка и верска припадност. Со тоа до крај ќе се исправи грешката од претходниот попис во 2011, кој беше бојкотиран од етничките малцинства во Албанија. – стои во соопштението на Македонската Алијанса.