Македонската женска ракометна репрезентација нова победа над Италија од 29-21

За разлика од синоќешниот меч во кој нашите ракометарки мораа со пресврт во вториот дел да стигнат до триумф, денеска Македонија одлично го започна мечот и неизвесно беше само до половината на првото полувреме, кога имаше егал. До крајот на првите 30 минути избраничките на Симовски доминираа на теренот и стигнаа до убава предност од пет гола (17-12). Македонија и во продолжението го диктираше темпото, предноста постојано растеше за на крајот да стигнеме до убедлив триумф од 29-21. Во рамките на оваа ЕХФ недела, сениорктие утре ќе имаат уште еден натпревар и ќе одиграат контролка со младинската репрезентација. Средбата исто така се игра во Автокоманда од 16 часот.

Advertisement