Македонски јазик во српските училишта

 

Проектот за воведување на македонскиот јазик во српските основни училишта би требало наскоро да биде реализиран во соработка со Министерството за образование, најави претседателот на Национален совет на македонската заедница во Србија, Борче Величковски. Тој ја пофали добрата соработка на македонската национална заедница со локалната самоуправа во Врање, каде што беше приреден прием за новиот амбасадор на Македонија во Белград, Васко Грков, и за претставниците на Македонците од Србија.

Грков нагласи дека Македонија е отворена и подготвена за секој вид соработка со Србија. „Во економската сфера е потребно да се оствари поконкретна соработка, а еден од начините е меѓусебната соработка на регионалните стопански комори. Исто така, заинтересирани сме и за соработка во сферите на културата и на образованието“, изјави амбасадорот.

Во минатата школска година во Македонија на српски јазик учеле 161 основец во три училишта: во Кучевиште на Скопска Црна Гора, како и во кумановските села Табановце и Старо Нагоричане. Меѓу нив имало само 18 првачиња.

Advertisement