Македонскиот интернационалец Стевче Ангелковски беше најдобар против Стадтолдендорф

Македонскиот интернационалец Стевче Ангелковски беше најдобар поединец на теренот на дуелот меѓу Стадтолдендорф и неговиот Алфелд во регионалните лиги во Германија. Сепак и покрај одличната партија на средниот бек, Алфелд загуби со 28:25.

Иако Ангелковски во финишот донесе водство за Алфелд со голот за 24:25, до крајот неговиот тим не даде ниту еден погодок, а домашните стрелаа 4 пати. Македонскиот интернационалец Ангелковски беше стрелец на 8 голови, а заработи и едно исклучување во последната минута.

Advertisement