Македонскиот ракометар Стевче Ангелковски го носеше Алфелд до прва победа

Македонскиот интернационалец Стевче Ангелковски беше клучна фигура во неговиот тим Алфлед, кој ја забележа првата победа во новата сезона. Алфелд по два порази, во третиот натпревар конечно славеше, на гости кај тимот на ХСЦ Хановер со 25:28. Како и претходниот натпревар, така и на овој, поранешниот среден бек на Пелистер, беше најдобар стрелец во неговиот тим и постигна 9 голови.

Advertisement