Македонскиот ракометен репрезентативец Нелоски потпише со второлигашот Кобург од Германија

Македонскиот ракометен репрезентативец, Марко Нелоски по долгите преговори, успеа да го напушти Металург и да потпише со неговиот нов клуб, второлигашот од Германија, Кобург 2000. Нелоски успеа да добие исписница од ,,сините”, благодарение на намаленото обесштетување за негов излез од клубот. Репрезентативецот подолго време сметаше дека треба да настапува надвор од Македонија и во новиот клуб е најавен како големо засилување. Тој веќе се најде на насловните страници на локалните медиуми.