Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздрави одлуката за целодневна работа на преминот Џепиште-Требиште

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо благодарност до владите на Македонија и Албнија граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо го поздравува одлуката донесена на заедничката седница одржена во Поградец на Владите на Македонија и Албнија  граничниот премин Џепиште – Требиште во Областа Голо Брдо да работи 24 часа за сите граѓани не како до сега беше локлна граница. Граничен премин помеѓу Македонија и Албанија сега ке работи 24 часа тоа ќе биде од голем интерес за жителите на Голо Брдо , бидејќи сега работи со ограничено време и им создаваше проблеми во комуникацијата и патувањето за Македонија.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо од 2009 година кога е формирано друштвото барал од двете влади задоволни сме од позитивната одлука. „Со ова ќе му се помогне на населението од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно, ги повикаме сите да дојдат и да ја посетат областа Голо Брдо која изобилува со природни убавини“ – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

 

 

Advertisement