Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учестува на 63 конгрес на Федералната Унија на Европските Националности во Леуварден, Холандија

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учестува на 63 конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) што ќе се одржи од 20 до 24 јуни 2018 година во Леуварден, Холандија. Конгресот се организира од Совет на Фризиското движење организацијата членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

Фризи етничка група населена на крајбрежните делови на Холандија и Германија. Главно се наоѓаат во холандските покраини Фризија и Гронинген, а во ГерманијаИсточна Фризија и Северна Фризија, која била дел од Данска до 1864 година. Ја населуваат областа позната како ФризијаФризиските јазици се сè уште говорени од 500.000 говорници; дијалекти на фризискиот јазик се признаени како официјални јазици во Холандија и Германија.

Kе има 200 претставници од 98 членки на ФУЕН од 33 држави од цела Европа на Конгресот, каде ќе се сретнат и разменат н мислење со другите малцинства и со политичари, експерти и носители на одлуки. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе биде единствено друштво на Макеоднците што ќе учестува на 63 конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).