Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци потпретседател во државниот комитет за малциства на Албанија

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранав Огранок Голо Брдо најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци потпретседател во државниот комитет за малциства на Албанија, кој на својот профил на ФБ напиша република северна македонија и министерство за образование на северна македoнија, Македонско национално малциство во Република Албанија е признато како Македонско малциство со свој мајчин јазик-Македонски и своја матична земја Република Македонија а не како што тој го нарекува. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на ФБ на Кристо Гоци, потпретседател во државниот комитет за малциства на Албанија, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на Кристо Гоци бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство во албанија.- стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо.

Advertisement