Mакедонците во Австралија поднесоа петиција до Парламентот на Австралија за признавање на Република Македонија под нејзиното историско и уставно име

Mакедонците во Австралија поднесоа петиција до Парламентот на Австралија за признавање на Република Македонија под нејзиното историско и уставно име. Во петицијата стои: “Го повикуваме Домот на пратениците да го следат примерот на САД, Русија, Кина, Канада и 135 други земји и да ја признаете Република Македонија под нејзиното уставно име”.

Инаку нашите иселеници во оваа прекуокеанска земја ќе одржат и протести низ сите големи градови на 4-ти март против промената на името на државата, повлекување на Законот за двојазичност и ослободување на притворените за настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Потребно е да го внесете вашето име и презиме, да одберете дали сте господин, госпоѓа или госпоѓица и да внесете ваша е-маил адреса. Наредно потребно е да го потврдите потписот преку порака која ќе стигне на вашата е-маил адреса. Петицијата ќе трае до 28 март 2018 година.

Петицијата може да ја потпишете на следниот ЛИНК

Advertisement