Македонците во Италија го зачуват Македонскиот индентитет

 

Здружението Аминта од Италија крои план на кој начин ќе функционира културно уметничкото друштво чии име носи. Во проширен состав активно се изучуваат нови сплетови, и упорно се учат традиционалните македонски ора. Ниту топлото време не е пречка да функционира нашата играорна група има многу заинтересирани но моментално групата состои десетина членови. Списокот брои повеќе од дваесетина деца но сите ќе бидат вклучени од септември месец, од кога воедно со нови сили ќе започне со работа. Засега ќе го заокружиме месец јуни во овај состав, по кратка пауза ќе продолжиме со реализација на зацртаните планови, кажува кореографот Даниела Наумоска.

Пред јавност за првпат играорната група се претстави пред италијанската публика на 5 ти мај, каде имавме презентација на Македонија. Меѓу присутните гости беше градоначалникот на општина Виторио Венето, Роберто Тонон, како и делегација од македонскиот конзулат во Местре Венеција на чело со Конзулот Ашим Зекироски. Беше преголемо задоволство да ги видиме нашите песни и ора во изведба на децата родени и израснати во Италија во кои тече Македонска крв, вели претседателот Лазороски Саве. На повидок се и други проекти за кои пред време не сакаме да откриеме детали, но во секој случај Аминта направи пред се соединување на иселениците кои се наоѓаат во регионот Венето.

Нашето здружение функционира онака како што имавме предвидено, подпомогнати на колеги од други Македонски здруженија во италија ги има 5-6 соработка со институции, учество во хуманитарни организации и сл. Сега најново ни е подршката на фудбалската екипа која го носи името Аминта. Учествуваат на турнирот во Тарцо под водство на искусниот Радован Пентелашоски и се пласираа во полуфинале. Кажува кординаторот Горан Наумоски. Од Септември имаме голема задача за остварување, се надеваме со добра организација ќе биде и тоа. Доколку ја имаме подршката од нашите членови секако дека се е возможно, бели Биљана Колоска потпреседател на Аминта која не открива за што се работи. Инаку здружението Аминта постои веќе две години и брои 50 тина членови и нивните семејства.