Мета го искорсти правото да не се изјаснува за Законот за малцинства

Претседател Илир Мета, одлучи да го искористи правото да не се изјаснува за Законот за заштита на малцинствата, еден од законите за кого имаше и најголема дебата во изминатите месеци. Претседатекот Илир Мета одлучи да не го потпишува законот туку тој да стапи во сила без негово изјаснување,што е право на шефот на државата. Законот е објавен во службен весник при што паѓа во очи што на него го нема потписот на Мета. Албанскиот парламент Законот го усвои во средината на октомври со гласовите на владеачките социјалисти и опозициските демократи. Против беа пратениците од Движењето за социјалистичка интеграција и пратеникот од партијата на Грците. Со усвоениот закон,за разлика од првичната верзија,со која се признаваа осум национални малцинства Македонци, Власи, Грци, Египќани, Срби, Бошњаци, Црногорци и Роми, под притисок на Бугарја и непостоечко бугарско малцинство.

Албанските власти се свесни дека грешат, но потклекнаа пред заканите на Бугарија за ставање вето за започнување на преговорите за членство со ЕУ. Во Албанија, според сите пописи на населението, немало бугарско малцинство. Ова е геноциц врз Македонците и деформација на историјата и на вистината пред очите на Европа-изјави тогаш Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“со седиште во Тирана.

И друштвото но и единствената македонска партија Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) остро реагираа и бараа да не се создава вештачки бугарско малцинство, зашто „во Албанија единствено живеат Македонци а не Бугари“. Тие исто така наведуваат дека со законот останува старата практка, права на Македоците како малцнство да им се признаваат само во подрачјето на Мала Преспа а не и во областите Гора и Голо Брдо и другите делови на Албанија.