Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовск на посета во Гора, Косово (ВИДЕО)

 

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски денеска заедно со градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, преку граничниот премин Стрезимир на македонско–косовската граница ги посети Македонците во областа Гора. Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски го пречека косовскиот колега Бејтуш Гаши и директорот на полицијата на Косово Наим Реџа и преседателот на партијата “Единствена горанска партија“ и пратеник во косовскиот парламент Адем Хоџа и голема група Македонци од областа Гора и заедно го посетија општината Драгаш.

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовск изјави дека „Заедничката посета на општината Драгаш во Косово, што ја организиравме со градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски е многу значајна активност. Посетата на Рестелица отвара нови можности и нови коридори за комуникација на нашите граѓани од двете држави и е исклучително важна“, изјави министерот Спасовски.

Тој по пристигнувањето во општина Маврово и Ростуше во месноста Трница, додаде дека тука е за да се укаже на важноста на овој регион. „Мора сите да придонесеме овој регион да добие на значење и граѓаните да го добијат тоа што го заслужуваат, и заедно да го развиеме овој крај“, додаде Спасовски.

Во областа Гора, на падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, познати под името Горанци.