Мозаик со ликот на Александар Македонски пронајден во Израел

Откритието е уникатно од аспект на тоа што е единствен пример на сцена неповрзана со библијата да се наоѓа во античка синагога. Извонреден мозаик кој прикажува средба меѓу Александар Македонски и еврејски свештеник е откриен во синагога од 5-тиот век во старо еврејско село наречено Хукок. Ова е првпат сцена која не е поврзана со библијата да биде откриена во античка синагога. Воинот, за кој се смета дека е Александар, носи пурпурна наметка и е следен од војници и слонови со штитови врзани странично. Во библијата не се наоѓаат приказни за слонови, затоа се смета дека приказната е поврзана за освојувањата на Александар Македонски.

Првите ископувања на оваа локација започнале во 2012-та година кога бил откриен мозаик со ликот на еврејскиот јунак Самсон, како и неколку сцени од неговиот живот. Но, сепак најинтересните откритија се напрвени оваа година со пронаоѓањето на многу сцени типични за западната цивилизација, а несвојствени за еврејската традиција.