Најмалку 30 повредени при експлозија во Албанија (ВИДЕО)

Најмалку 30 луѓе се повредени, од кои петмина потешко, при експлозија на гас во туристичкото место Велипоје во северозападна Албанија. Експлозијата, според тамошните медиуми, се случила во кујната на еден ресторан, на првиот кат од хотелски комплекс. Потоа избувнал пожар поради што интервенирале противпожарните служби. Извршена е евакуација на туристите во околината на комплексот, Велипоје е едно од омилените туристички дестинации за жителите на тој дел на Албанија.

 

Advertisement