Ново издание на книгата “Македонскиот јазик, Потекло на јазикот, Корен на зборовите”

Поради големиот интерес кој се пројави за книгата на Светлана Симоновска околу македонското потекло на јазиците кај Македонците, сега излезе новото преработено и проширено  издание на првичната книга ‘Македонскиот јазик, Потекло на јазикот, Корен на зборовите’ значи сега на македонски. Светлана чекори по трасата на Македонизмот која беше зацртана од постара генерација на македонисти како професорот Ташко Белчев, Васил Иљов, Дардан Венетски, Маргерита Китан Ивановска итн. Впрочем се работи за етимолошки речник каде авторката објаснува зборови од пишани јазици како што се, Којне, латински, санскрит, турски итн со помош и преку македонскиот вокабулар, македонски именки глаголи но и зборови од јазици кои се блиски на македонскиот како, хрватски, полски, чешки, украински, словачки итн.

На скоро четиристотини страници Светлана користи примери како лични имиња, имиња на животни, имиња на предмети но пред се многу важно место заземаат сите оние топоними без разлика дали се работи за макроними или микроними кои се распослани по цела Европа но и на многу поширок простор. Тие се живи зачувани монолитни сведоци за исклучителната старост на македонскиот јазик и македонскиот народ. Во книгата се прави анализа на  зборовите и компарација на нивните форми и мутации кои се среќаваат во различни јазици. Според авторката името на земјата Македонија е од прастарата матријархална епоха а најстариот запис на ова име е најден на камен артефакт и е со старост од 77.000 илјади години. Македонија е всушност мајката земја а со зборот земја се мисли и на целата планета земја – mother Earth. Планетата земја за човештвото секогаш ја симболизира мајката и жената. Таа е онаа која раѓа и дава живот а сликовито и вајарски е прикажана преку неолитската статуетка Магна Матер од тумбата Маџари во близина на Скопје.

Западните господари на светот ја знаат оваа вистина за македонскиот јазик и народ. Во деветнаесеттиот век кога лингвистиката се развивала како наука постоеја образовани лингвисти од западот но и од Русија кои го установиле горенаведениот јазичен факт а како најеклатантен и запрепастувачки доказ за ова може да се посочи мислата кажана од страна на Фердинанд де Сосир кој се смета за таткото на лингвистиката а кој изјавил: ‘Пред латинскиот има период којшто грчкиот и словенскиот го споделуваат.’ (Before Latin there is a period which Greek and Slav share in common). Oваа реалност е позната ама непожелна за западните владетели на светот па затоа тие мислат дека ако ја избришат државата Македонија од атласот на светот и ако ги истребат сите Македонци, на тој начин ќе ги избришат доказите врските со минатото . Ова значи дека вистината нема да излезе на виделина и целиот свет нема да дознае за истата и за нивното злодело. Ништењето на Македонија, македонскиот народ и јазик не е само огромна штета за самите Македонци туку тоа е голема загуба за целото човештво и целиот свет. Авторката просто речено сака да каже дека најдобриот одговор и ‘рационала’ позади прашањето зошто САД и ЕУ ја демонтираат и цепкаат денес Република Македонија, се наоѓа во оваа книга.

Advertisement