ОМД: Го Честита Илинден и Бара Обединување во Интерес на Македонија

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), како најголема организација на македонците надвор од Македонија, ја честита 114тата годишнина од Илинденското Востание како и 73тата годишнина од АСНОМ до сите македонци во и надвор од татковината. На овој ден во 1903, македонците застанаа против Отоманската Империја за слободна, независна, суверена Македонија, а во 1944 година, застанаа и јавно ја декларираа Македонија како татковина на македонците, и македонскиот јазик како официјален јазик на Македонија. ОМД инсистира на незаборав на жртвата која сите наши претци ја дадоа за Македонија која ја имаме денес. Македонија е млада демократска република со богата историја и ОМД верува дека само преку обединување и активна работа на сите, не само на Владата, туку и на опозицијата, бизнис секторот и народот, Македонија ќе стане репер за социо-економски стабилна земја на Балканот.

Секоја година македонци од сите краеви на светот пристигнуваат во Крушево на Мечкин Камен да го одбележат овој празник од големо историско значење за Македонија. Оваа година, поради ротација на главните функции во Македонија, и отсуството на Премиерот поради неговата посета на Подгорица каде ќе биде ко-домаќин на Потпретседателот на САД, говорник на прославата ќе биде Спикерот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Ставот на ОМД е познат за Талат Џафери – човек со криминално и терористичко досие и виновник за случувањата со македонските борци од 2001ва година. Со оглед на големото историско значење на Илинден за македонците, ОМД смета дека Џафери како говорник на овој голем годишен настан, претставува големо понижување за споменот на борците во Илинденското востание и на македонскиот народ во сегашно време.