Орбан најави промени во унгарскиот устав

Унгарската влада наесен ќе започне ревизија на уставот, најави унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во интервју за државното радио. Орбан откри дека расправата за промена на уставот усвоен во 2011 година ќе започне во септември и дека истата би можела да трае до година и пол. Познавачите на условите во унгарското општество, сметаат дека една од главните цели на измените би била да се оневозможи Европската унија да ја натера Унгарија да прима мигранти.

Advertisement