
Манастирот е откриен на островот Синија, кое го штити мочуриштето Хор ал Бејда во Ум ал Куваин, емиратот кој се наоѓа околу 50 километри североисточно од Дубаи, и фрла ново светло на историјата на раното христијанство долж брегот на Персискиот Залив.

Фото: Оддел за археологија и туризам на Ум ал Куваин
Карбонското датирање на примероците откриени во делови од манастирот покажуваат дека е изграден меѓу 534 и 656 година од новата ера. Остатоците од манастирот сугерираат дека христијанските верници се молеле во главната просторија на црквата, која имала дополнителни простории за крстење и печење леб за причест. Откриени се и ќелии во кои монасите минувале време во самотија.

Фото: Оддел за археологија и туризам на Ум ал Куваин
Ова е само втор манастир од тој вид откриен во таа област, другиот беше откриен во 1990 година, а историчарите веруваат дека овие два манастири на крајот се напуштени бидејќи христијаните почнале да се вртат кон исламот со распространувањето на таа вера во тој регион.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden