Партијата на македонското национално малцинство во Грција “Виножито”е против промена на името и против Преспанскиот договор

Политичкиот секретаријат на партијата на македонското национално малцинство во Грција “Виножито” одржа состанок на 19 август 2018 година. Ставот на политичкиот секретаријат на партијата на македонското национално малцинство во Грција “Виножито” е непроменет, ние сме против каква било промена на уставното име на Република Македонија, а тоа значи и дека сме против Преспанскиот договор. Не сме против дијалогот помеѓу двете држави.

Ова, како што дознаваме, е ставот на политичкиот секретаријат на Виножито, партијата на Македонците во Грција. Со ова, членовите на Виножито сакаат решително и едногласно да ги расчистат шпекулациите околу наводната промена на официјалната и доследна позиција на партијата за ова прашање.

Дали Република Македонија ќе го смени нејзиното уставно име или не, останува да биде внатрешно прашање на државата и на нејзините граѓани кои имаат демократско право да гласат за или против или пак и да не гласаат, велат од раководството на Виножито и истакнуваат дека остануваат против каква било промена на уставното име на Република Македонија. – стои во сопштението на партијата на македонското национално малцинство во Грција “Виножито”.

Advertisement