Пасош од Малтешкиот витески ред го поседуваат само тројца луѓе

 

 

 

 

 

 

 

 

Црвениот пасош од Малтешкиот витески ред е еден од најретките на светот. Можат да го имаат три лица, голем мајстор, заменик на големиот мајстор, и канцелар на овој ред. Во секој момент на светот постоеле, постојат и ќе постојат само три пасоши од Сувремениот малтешки воен ред, чие целосно име е „Суверен војнички и болнички ред Свети Иван од Ерусалим на Родос и Малта“. Тие три пасоши ги поседуваат највисоките претставници во тој католички ред – големиот мајстор, заменикот на големиот мајстор и канцеларот.

Како што пишува Business Insider, овој ексклузивен пасош потекнува од 1099 година, а сите други припадници на овој ред мора да користат пасоши од своите матични земји. Интересно е тоа што овој воен ред не поседува сопствена земја, откако во 1800 година ја загуби Малта. Оттогаш, нивната земја ја „сочинуваат“ два вонтериторијални имоти во Рим (резиденцијата Palazzo Malta и Вила Малта), во кои издаваат сопствени поштенски марки, парична валута и пасоши.

Денес редот пружа медицинска помош и организира хуманитарни интервенции ширум светот, а се верува дека брои 13.500 витези, дами и капелници, 80.000 постојани доброволци и 25.000 вработени.

Advertisement