Песни од најновата збирка поезија „Никулци во утрините“ на Петко Шипинкароски објавени во Албанија

 

Неодамна излезе од печат најнова збирка поезија „Никулци во утрините“,на поетот и раскажувач Петко Шипинкароски. Стиховите на Шипинкароски, наидоа на одјек не само кај нас, туку и во соседството и пошироко. Мегу другите, избор на песни, од најновата збирка „Никулци во утрините“, објавен е во тиражниот неделникот „Национал“ број 429 од 19-27 ноември 2017, што излегува во печатено и електронско издание во Тирана, Република Албанија.

Изборот и препевот, од македонски на албански јазик, го направи македонскиот поет и публицист Мустафа Спахиу. Петко Шипинкаровски досега има објавено десетина романи, две романизирани монографии, книгата раскази „Залезнина“ и монодрамата за Толе Паша. „Бели утра“ е негова четврта поетска збирка. Тој е годинешен добитник на наградата „Повелба за животно дело“, на 14. Културно-научна манифестација „Пелагонски средби“. Шипинкаровски е главен и одговорен уредник на списанието за книжевност „Бранувања“ што се објавува во Струга, како и на истоимената издавачка куќа која досега обелоденила триесетина наслови.