По втор пат Македонија им се презентира на граѓаните од градот Виторио Венето во Италија

По втор пат Македонија им се презентира на граѓаните од градот Виторио Венето во Италија. Достојно, како што доликува со богата трпеза, изворна музика и ора, италјанците видоа што е карактеристично за Македонија. Тоа ни е задача, да бидеме амбасадори на нашата земја, велат од Македонско здружение Аминта. Бевме дел од манифестацијата “Sapori del Mondo”или во превод “Вкусови од светот” каде меѓу неколкуте држави свој штанд имаше и Македонија, кажува претседателот на Аминта, Саве Лазороски.

Во организација на општина Виторио Венето, за потикнување на јавната свест против расизмот, Аминта презентира традиционални јадења. Нашата трпеза се испразни најбрзо, воодушевени беа присутните од вкусната храна. Со љубопитност набљудуваа како изгледаат специјалитетите.. Добивме комплименти за храната и за љубезноста. Присутните имаа можност да бидат и дел од нашите ора кои им ги претставија членовите од културно уметничкото друштво Аминта. Подршка за работа на нашето здружение добивме и од градоначалникот на градот.

Advertisement