Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо на јавна трибина ,,Граѓанското опшество – мост за соработка со дијаспората“ и организациите на македонското малцинство во соседните земји

 

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо, Или Халилај како преставник на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана учестуваше на Трибина посветена на улогата на Граѓанските организации од Република Македонија, иселеничките организации и организациите на македонското национално малцинство во соседните земји, во градење на континуирана меѓусебна соработка, и континуирана соработка со матичната земја Република Македонија во организација на Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните Нов Контакт – Македонија кој е поддржан од Цивика мобилитас – Програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија, Швајцарската агенцијата за развој и соработка и Македонскиот центар за меѓународна соработка. На трибината се обраќања на министерот без ресор задолжен за дијаспората, директорите на МЦМС, и директорот на Агенцијата за иселеништво на Македонија, како претставници и од повеќе невладини организации.