Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и г-дин Александар Николоски, Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ 

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 03.11. 2020 година во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, оствари средба со Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и г-дин Александар Николоски, Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, и г-дин Александар Николоски, за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

Низ дискусијата, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и г-дин Александар Николоски, Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, во опсегот на надлежностите, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.